3
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 14 километри и се почувствувал во 4 часот и 48 минути по локално време.
Нема информации за евентуални штети.