104
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, во Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.
Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.