417
Земјотрес вечерва ја погоди Грција. Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 26 километри североисточно од Сарти, популарно туристичко место на Халкидики.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуална материјална штета.