558
Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10 часот и 20 минути по локално време во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кефалонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морскиот дел на 35 километри југоисточно од Кефалонија.
Првично беше соопштено дека земјотресот било со јачина од 4,1 степен, а потоа намалено на четири степени.