Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа на подрачјето на Охрид.
Земјотресот бил на длабочина од 15 километри, а освен во Македонија, бил почувствуван и во Албанија.
Нема податоци за евентуална материјална штета, а според графиконот на „EMSC“, земјотресот е почувствуван и во Грција. Претходно во околината на градот бил регистриран уште еден земјотрес, со јачина од 3,5 степени според Рихтер.
Во меѓувреме, се огласија и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вешерва, 7.07.2024 година во 22 часот и 52 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Албанија.