68
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Самос во Егејското Море, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12,5 километри.
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на осум километри источно од градот Карловаси, пренесе Катимерини.