80
Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип – Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница”.
Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници.
Блокадата ќе трае два часа.