Земјите членки на ЕУ ја поддржаа Лаура Ковеси за европски обвинител

by Fokus

Амбасадорите на земјите членки се изјаснија за кандидатурата на Романката Лаура Ковеси на функцијата европски обвинител.

Европскиот Парламент исто така ја поддржа Ковеси пред неколку месеци, како и со денешното гласање на ниво на земјите членки, Романката е речиси сигурна дека ќе стане првата обвинителка на ниво на ЕУ и покрај противењето на романската влада.

Лаура Ковеси беше на мета на социјалдемократската влада во Романија во последните месеци поради нејзината работа како обвинител во антикорупциската единица. Ковеси беше разрешена, а владата во Букурешт не ја поддржа нејзината кандидатура за европски обвинител.

Повеќе европратеници ја поздравија одлуката на амбасадорите на ЕУ денеска како и искуството и интегритетот на Ковеси.

Како ЕУ обвинителка Ковеси ќе биде задолжена да ги гони злоупотребите на европските фондови во земјите членки.

Поврзани новости