Доминика, мала карипска земја со само 72.000 жители, го запиша своето име во олимписката историја благодарение на Теа ЛаФонд (30).
На Олимпијадата во Париз, ЛаФонд освои злато во трискок, носејќи го дома првиот олимписки медал за нејзината земја.
Во решавачкиот втор круг од натпреварувањето, ЛаФонд постави извонредна должина од 15,02 метри, што и овозможи да седне на највисокото скалило на подиумот.
На второто место се најде Јамајканката Шаниека Рикетс (32) со скок од 14,87 метри, додека третото место и припадна на Американката Јасмин Мур (23) која постигна резултат од 14,67 метри.
Оваа историска победа за Доминика доаѓа по извонредниот настап на ЛаФонд, кој докажа дека и малите земји можат да постигнат големи успеси на светската спортска сцена.