„Земи здив, нурни во добра книга“ со попусти до 60 отсто на книгите од „Арс Ламина“

by Fokus

Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од 10 јуни до 10 јули. Во рамките на акцијата, која се реализира во сите поголеми книжарници, „Литература.мк“, онлајн на www.literatura.mk и во други продажни места каде што има застапено изданија од „Арс Ламина“, ќе има попусти до 60 % на повеќе од сто наслови од областа на белетристиката (бестселери, трилери, историска фикција, биографии и книги за мотивација и самопомош), романи за деца, лектири и читанки од едицијата „Лесно читливо“.

Со оваа акција, преку прифатливи акциски цени, „Арс Ламина“ ја продолжува својата мисија да ги направи книгите полесно достапни до сите читатели и да ги поттикне читачките навики кај сите генерации.

Дочекајте го летото подготвени со добар избор за читање. Книгата е идеално друштво за релаксација, без разлика дали летниот одмор ќе го поминете на патување, на плажа, во природа или во вашето омилено катче во домот. Уживањето секогаш е комплетно со добар избор за читање. Земете здив од секојдневните обврски и освежете ја вашата домашна библиотека со нови наслови, по кои ќе го паметите ова лето. Од понудата со попуст меѓу 30 и 50 отсто ги издвојуваме романите: „Доктор Сон“, „Сјаење“, „Подоцна“ и „Тркачот“ од Стивен Кинг, „Лејла“, „Без Мерит“ и „Изгубена надеж“ од Колин Хувер, „Дамски гамбит“, „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Градината на олеандрите“, „Каде што шумата се среќава со ѕвездите“, „Список за душа“, „Минхен“, „10 прашања за кои науката нема одговор“, „Разделба“, „На лов“, „Тој почна сè“, „Момчето од шумата“, „Ќе се најдеме во Бомбај“, „Последната годишнина“, „Раскажувачката“, „Украденото дете“ и биографијата на принцот Хари – „Резерва“. На 20 отсто попуст се бестселерите „Списокот за читање“, „Кери Сото се врати“ и „Златната двојка“.

Од мотивациските книги и насловите од категоријата „Здравје и живот“, во оваа акција се вклучени популарните наслови: „Малата книга за хиге“, „ЗЕН-Уметноста на едноставното живеење“, „Уметноста на создавање спомени“ и „Што ти се случило?“

Пред почетокот на летниот распуст, за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, тука се читанките од познати домашни и светски писатели. Со попуст меѓу 40 до 60 отсто се: „Јип и Јанеке“, „Малиот Стјуарт“, „Трубата на лебедот“, „Девојчето со две имиња“, „Изброј ги ѕвездите“, „Малата голема точка“, „Шарам-барам“, Автобиографијата на Марко Цепенков, „Симчо“, „Светлосна година“, „Сестра ми живее на каминот“, „Аз, буки, веди“, „Кога ми ги убиваа животните“, „Куферот на Хана“, како и книгите од авторот за деца Васил Мукаетов: „Од згода до згода, заграб бистра вода“, „Ај погоди! Песни-дополнувалки“, „Што е, а што не е?“ и „Чукни, чукни три пати“. Од романите за деца кои се на попуст ова лето ги издвојуваме: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „Сакам дома“, „Ловец на глуварчиња“, „35 калории без шеќер“, „Патека од кикиритки“ и „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“, како и книгите од популарните серијали – за Енола Холмс: „Бизарните букети“ и „Необичното розово ладало“; Исидора Мун – „Слави роденден“ и „Оди на одмор“ и новите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“.

Од богатиот избор на лектири за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука, со попусти се: „Грдото пајче“, „Хотел за кучиња“, „Збунети години“, „Пајажината на Шарлот“, „Чудна случка со кучето во ноќта“, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Децата од улицата Пал“, „Мојот звук“, „Возот в снег“, „Сказни“ од браќата Грим, „Волшебникот од Оз“, „Мери Попинс“, „Двојната Лота“, „Кралот на златната река“, „Мојот пријател А“, „Силјан штркот“, „20.000 милји под морето“, „Збунети години“, „Авантурите на Том Соер“ и други. Станува збор за модерно дизајнирани и лесно читливи книги, со помош на специјален фонт за полесно читање за децата во фазата на описменувањето, како и за лица со дислексија, одобрени од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје.

Каталогот со попустите во рамките на акцијата „Земи здив, нурни во добра книга“ можете да го погледнете на следниот линк: http://arslamina.com/katalog_letna_akcija.pdf

Поврзани новости