Томислав Лазаров, поранешниот советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, а сега вработен во АД Мепсо, сведочи на денешното рочиште за случајот “Насилството во Центар”.
Тој беше обвинет во случајот, но по признание на вина во ноември 2017 година беше осуден на шест месеци условна казна. Тој тогаш истакна дека се чуствува виновен и дека од оваа временска дистанца се кае за направеното, односно за насилството што се случи пред општината на 10 јуни 2013 година.
По покана на обвинителството, тој сега е повикан во улога на сведок.
Лазаров рече појасни дека се формирало движењето “Веритас” за одбрана на рушењето на црквата Св. Константин и Елена.
-За таа цел неколку пати бевме повикани од генералниот секретар Кирил Божиновски, на кои состаноци беше повикан целиот градски комитет. На состаноците се дискутираше дека треба да се повика членството, да се информира на тој и тој ден ќе има мирни протести пред Мајка Тереза. Не се говореше за насилни протисти, сведочеше поранешниот советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред отпочнување на седницата во Општина Центар почнале да се собираат луѓе.
-Имав јавување од Кирил Божиновски, но и од координаторот Миле Јанакиески, да ги информирам што се случува во салата. Им реков дека има начин да се оспорат точките и нема потреба од други активности. Мислев дека преседавачот Мирослав Шиповиќ ќе ги прифати нашите укажувања и ќе ги тргне точките од дневен ред, рече Лазаров.
По неколку часовно препукување, седницата била одложена за во понеделникот, а како што рече за време на викендот продолжиле координациите за поголма масовност на протестите.
-Во општината наидовме на затворрна врата со ланец. Ни беше кажано дека е од безбедносни причини. Дел од советниците заообиколиле по околен пат, а јас скокнав, бидејќи ми беше кажано дека Шиповиќ ќе ја почне седницата и без наше присуство. Стигнав меѓу првите во салата и му укажав дека не може да ја почне седницата, иако имаше обезбедено мнозинство. Успеав и седницата продолжи со сите советници, сведочеше сведокот.
Пред општината, како што рече, имало поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но во поголем број од првиот пат.
-Повторно баравме точките да бидат тргнати од дневен ред, но мнозинството остана глуво. Како одминуваше времето, така и тензиите се зголемуваа. Ја почитува хиерархиската политичка поставеност и ги информирав Божиновски и Јанакиески што се случува внатре. Цело време беа во тек. Сите насоки како треба да дејствуваме и да се однесуваме доаѓаа само од моја страна, рече Лазаров.
Тој раскажа дека од надвор почнало буткање, туркање и немало можност да се оддржи седницата. Сите бевме во опасност и тоа сите го укажувавме и од власта и од опозицијата. Шиповиќ даваше само паузи, со надеж дека ќе се одалечат. Тоа не се случи, и тензиите само и само растеа и сите бевме под опасност, не само советниците туку и градоначалникот и останатите службеници. Мојата комуникација со Божиновски и Јанакиески продолжи и им реков што и да направиме претседателот нема да ги тргне точките. Божиновски ми даде насока да извадам книга и да ја читам за да помине време.
Земи збор и читај книга, читај ја Зоки Поки, нешто што го правеше Талат Џафери во Собрание, рече Лазаров.
Обвинителот Гаврил Бубевски искоментира дека таа книга брзо се читала, на што сите присутни во судница се изнасмејаа.
Насоките од Божиновски и Јанакиески продолжувале.
-Правете што ќе правите, но дневниот ред нека не се усвои, сведочеше сведокот.
На прашање на обвинителот Бубевски, дали тензијата се подгревала откако тој ќе им јавел на Божиновски и Јанакиески, тој рече дека не може со сигурност да тврди, но се поклопувал интервалот на дејствувањата.
На прашањето на адвокатот Еленко Миланов, дали имало писмено известување дека Јанакиески е координатор, сведокот рече дека немало писмено известување, туку лично го известил тогашниот министер Миле Јанакиески.
На прашањето на адвокатот Миланов, дали може да се заклучи дека тоа здружение било организатор на протестите, Лазаров рече:
-Ние лично контакт со тоа здружение немавме и ни беше кажано дека ќе се пријави за организатор на протестите, одговори сведокот.
Обвинети во овој случај се експремиерот и бегалец, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште осум лица.
В.В.