506
По синоќешната автобуска несреќа од патот од Велес спема Скопје, јавен обвинител од Велес извршил увид на лице место. Од Јавното обвинителство велат дека причините за несреќата се утврдуваат.
Од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа и започнато е со прибирање на трагите пронајдени на лице место. Со оглед на тоа што синоќа временските услови и видливоста на теренот не дозволуваа ова целосно да биде завршено, локацијата се обезбедувала во текот на ноќта, а утрово продолжило прибирањето на материјалните траги од внатрешноста на автобусот и се извршил вонреден технички преглед на возилото.