604
Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека мисијата на НАТО пропадна во Авганистан и притоа ја повика својата земја да се фокусира на националната одбрана, наместо да троши пари на воениот пакт. Според него, главната улога на НАТО е борбата против глобалниот тероризам, но дека Алијансата досега не успеала во таа задача.
-Недовербата во НАТО ќе порасне во многу земји членки по ова искуство, бидејќи ќе кажат ако не успеавте во Авганистан, каде е гаранцијата дека нема да згрешите и во некоја друга критична ситуација – рече Земан.
Инаку, НАТО денес соопшти дека талибанците не смеат да дозволат Авганистан повторно да стане легло на тероризмот и предупреди дека „сојузот ја задржа воената моќ“.