396
Денеска беше потпишан Договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Украина.
Со тоа, земјава овозможува слободно и без царина да се извезуваат нашите земјоделски производи во Украина.
На потпишувањето на договорот присуствуваа двајцата премиери Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина Тарас Качка, како и ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Ги потпишавме одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот, со кој овозможуваме македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, крставица, грозје и други, слободно и без царина да се извезуваат во Украина – рече Николовски.