411
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација.
Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање.
– Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа, рече тој во својата вечерна видео порака.
Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не ѝ е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомска енергија и оти не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.