419
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека не ја одржал планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7. Како што наведе, средбата не била одржана бидејќи Зеленски доцнел.
Лула рече дека вчера го чекал Зеленски да дојде на средбата и дека добил информација дека украинскиот претседател доцни.
„Очигледно тој имаше состаноци и не можеше да дојде“, рече Лула, пренесе Ројтерс.
Зеленски претходно изјави дека е најмногу разочаран поради пропуштената билатерална средба со Да Силва, а на новинарско прашање дали е разочаран што средбата не се одржа, тој одговори: „Мислам дека Лула е разочаран“.