Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше за пожарот во нуклеарната централа Запорожје, предизвикан од руско гранатирање, со канадскиот премиер Џастин Трудо и со вицепремиерката Кристија Фриленд.
Информацијата ја соопшти кабинетот на канадскиот премиер, јави агенцијата Укринформ.
Според соопштението, Зеленски изразил голема загриженост од потенцијални катастрофални последици по здравјето и безбедноста на Украинците и Европејците доколку итно не дојде до прекин на огнот во близина на нуклеарната централа. Трудо апелирал Русија веднаш да ги запре сите напади во регионот, како и да се обврзе дека ќе продолжи да комуницира со партнерите и сојузниците.
Во соопштението се наведува дека се разговарало и за тоа како Канада може да ѝ помогне на Украина во блиска иднина. Трудо ги поздравил Украинците за нивната решителност против нелегалната и неоправдана инвазија.