По средбата со полскиот претседател, Володомир Зеленски за прв пат индиректно спомена дека е можно повлекување на украинските војници од Бахмут, бидејќи се опколени.
-За мене е најважно да не губиме војници и, се разбира, генералите на лице место ќе донесат вистински одлуки доколку состојбата се влошува натамошно и доколку постои опасност да загубиме наши луѓе поради тоа што се опколени, изјави Зеленски на прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда и со тоа првпат алудираше на можно повлекување од градот.
Претходно пак, Зеленски изјавуваше дека многу е важно да се брани Бахмут, како и дека доколку градот падне во рацете на руските трупи, тоа би можело да ѝ овозможи на Москва да собере меѓународна поддршка за договор кој може да бара неприфатливи отстапки од Украина.