Зеленски: За 10 дена ослободивме 2.000 квадратни километри

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео-обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.

– Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски.

Тој посебно им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.

Русија претходно најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски го нарече бегството на руската армија добра одлука.

– За окупаторите нема и нема да има место во Украина, рече тој.

Поврзани новости