339
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска го посети Киев, каде имаше средба со украинските претседател и премиер, Володимир Зеленски и Денис Шмихал.
По тој повод, Зеленски на шефицата на ЕК ѝ го врачи орденот Јарослав Мудриот.
-Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Украина се обидува да влезе во Европската Унија од почетокот на руската инвазија, а во јули и официјално доби статус на земја-членка.