Зеленски воведе санкции за руските спортисти, на црната листа се најдоа 182 лица

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски воведе санкции против руски и белоруски спортисти.

Зеленски ја поддржа одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, донесувајќи декрет со кој се предвидува блокирање на имотот, забрана за водење бизнис во земјата и стекнување недвижен имот и забрана за влез во земјата за 50 години.

Меѓу познатите руски спортисти на црната листа се најдоа фудбалерите Игор Акинфеев (ЦСКА), Јуриј Газински (Урал), Дињар Билјалетдинов, Сергеј Овчиников…

Лизгачите: Илја Авербух, Јелисавета Туктамишева, Евгениј Семененко, Александра Степанова…

Познатата поранешна гимнастичарка Светлана Хоркина, хокеарите Андреј Коваленко, Максим Кузњецов… Скијачката Вероника Степанова…

Минатата година Украина го санкционираше и својот поранешен репрезентативец и угледен граѓанин, Анатолиј Тимошчук, кој живее во Санкт Петербург, Русија.

Нему му беше одземено државјанството и сите почести, дури и тренерската ПРО лиценца, бидејќи не ја осуди Специјалната воена операција на Русија во Украина.

Поврзани новости