Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека војната со Русија е во нова фаза, при што се очекува зимата да ги искомплицира борбите по неуспешната летна контраофанзива. Меѓутоа, и покрај неуспесите, тој порача дека Украина нема да се откаже.
На прашањето дали е задоволен од резултатите на контраофанзивата, тој одговори: „Видете, не се откажуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра војска во светот, задоволен сум“.
-Губиме луѓе, не сум задоволен. Не го добивме сето оружје кое го сакавме, не можам да бидам задоволен, но не можам ни премногу да се жалам – рече тој.
Зеленски кажа и дека се плаши дека војната на Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина „бидејќи го загрозува дотокот на западната воена помош на Киев“.