Во своето традиционално видео обраќање доцна во ноќта, украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека Русија распоредува „слабо обучени регрути и оние собрани со тајна мобилизација“ во источниот регион Донбас.
Според него, Русија распоредува резервни сили во Донбас за да го поддржи нејзиниот напад врз градот Северодоњецк, „каде што се водат многу жестоки борби буквално за секој метар“, како и Лисичанск, Бахмут и други области.
„Русија може да ја премине линијата од 40.000 изгубени војници веќе во јуни. Во ниту една друга војна во многу децении тие не изгубиле толку многу“, рече тој, обвинувајќи ги руските генерали дека својот народ го гледаат како „топовско месо“.
Тој уште еднаш ги повика светските лидери да и обезбедат на Украина модерни системи за ракетна одбрана, наведувајќи ги жртвите од последниот ракетен напад.