Зеленски во ненајавена посета на Велика Британија, бара дополнителна воена помош

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со Риши Сунак откако е во ненадејна посета на Велика Британија, пред големата контраофанзива против армијата на Путин.

Тоа е само една од постојките на неговата турнеја низ неколку европски земји кои се сојузници на оваа земја, разурната од војна, дознава британски Сан.

За време на викендот, Зеленски се сретна со германските и француските лидери, како и со италијанските претставници.

Тој утрово напиша на Твитер:

„Денес – Лондон. Обединетото Кралство го води патот кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и во делегации“.

Зеленски доаѓа во земјата само неколку дена откако Велика Британија стана првата земја што и обезбеди на Украина прецизни ракети со долг дострел.

Крстосувачките ракети Storm Shadow, со прецизност од над 150 милји, ќе играат клучна улога во долгоочекуваната контраофанзива на земјата против руските окупатори.

Велика Британија најави дека ќе испорача стотици борбени беспилотни летала со домет поголем од 200 километри.

 

Поврзани новости