Украина дефинираше три главни точки во Формулата за мир, кои се поддржани дури и од оние земји кои балансираат и не ја поддржуваат целосно Украина за време на војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничкиот брифинг со португалскиот премиер Луис Монтенегро.
„Овие точки се засноваат токму на повелбата на ОН. Зедовме три точки – нуклеарна безбедност, безбедност на храната и хуманитарен правец, патем, нема само размена, туку и враќање на украинските деца кои Русија ги украде и насилно ги однесе. Односно, овие три точки се многу важни, можеби ќе разговараме и за нуклеарната безбедност и нападите врз енергетската индустрија на Украина“ рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Тој додаде дека сите земји се обединети околу споменатите три точки и дека тоа е добар сигнал за почеток на работата.