Зеленски: Во Мариупол 100.000 луѓе се без храна, вода и лекови

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови.

Претходно, Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви.

– Окупаторите не ги интересира градот … сакаат да го срамнат со земја, се наведува во соопштението на градската управа.

Зеленски посочи и дека разговорите со Русија се тешки и понекогаш конфронтирачки, но „одиме чекор по чекор напред“.

Поврзани новости