493
Слобода или смрт велеа вашите револуционери, истото го велиме и ние сега, бидејќи се соочуваме со желба да се уништи Украина, порача претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на неговиот говор, преку видеоконференција во грчкиот Парламент.
Тој потенцираше дека треба јасно да се каже дека уште од почеток дејствата на Русија не беа само против Украина, туку и против Европа.
– На Украина потребни ѝ и се санкциите, но исто така потребно ѝ е и оружје. Ни требаат противвоздушни системи противтенковиски, оклопни возила и низа други работи кои нашите западни сојузници ги знаат многу добро. И само вака ќе можеме да ја спасиме Украина и ако ја имаме оваа поддршка и солидарност, ќе ја спасиме – истакна украинскиот претседател.