Зеленски вети одмазда откако Русите уништија катедрала во Одеса и убија едно лице

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе се одмаздат откако Русија изврши напад на катедрала во Одеса. Едно лице загина, а има 19 повредени.

„Нема оправдување за руското зло. Ќе има одмазда против руските терористи за Одеса. Тие ќе ја почувствуваат таа одмазда“, рече Зеленски.

Украинците вчера кај Запорожје убија руски новинар, а неколку се повредени. Но, се појавија фотографии кои укажуваат дека лицето претходно учествувало во воени дејствија.

Војната трае повеќе од 500 дена.

Поврзани новости