Зеленски вети дека ќе им обезбеди сè што е потребно на украинските војници во Бахмут и Соледар

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети денеска дека ќе обезбеди „сè што е потребно” на украинските војници, кои ги одбиваат руските напади врз Бахмут и Соледар – два града во источниот регион Доњецк што Русија се обидува да ги заземе, пренесе БТА.

– Нагласувам дека единиците кои ги бранат овие градови ќе бидат снабдени со муниција и сè што е потребно навремено и во цел обем, напиша украинскиот претседател на Фејсбук по средбата со Генералштабот на вооружените сили.

Поврзани новости