387
Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека сојузниците не треба да се грижат дека украинските сили ќе ја нападнат руската територија со моќното оружје што тој бара да го добие од нив.
-Ние не напаѓаме руска територија. Ние ја ослободуваме нашата законска територија. Немаме време, сили и вишок оружје за тоа, рече Зеленски по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој нагласи дека подготовките за контраофанзивата се однесуваат на ослободување на законски признаената украинска територија.