Десетици илјади луѓе најверојатно се убиени во рускиот напад врз југоисточниот град Мариупол, изјави утрово украинскиот претседател Володимир Зеленски пред јужнокорејскиот парламент.
„Мариупол е уништен, има десетици илјади мртви, но и покрај тоа, Русите не ја запираат својата офанзива“, го цитира Ројтерс во видео обраќањето утринава.
Зеленски повтори и дека Русија и се заканува и на Европа, не само на Украина, и нема да запре доколку не биде принудена да престане. Додаде и дека Русија уништи стотици делови од клучната инфраструктура на Украина, вклучувајќи најмалку 300 болници.
Зеленски посочи и дека десетици илјади руски војници се собираат за следната офанзива. „На Украина и треба повеќе помош ако сака да ја преживее војната“, рече украинскиот претседател.