Зеленски: Украинското знаме повторно ќе се вее во Донбас

by fokus

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас.

Во видео обраќањето, по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои се слават во Украина последниот викенд во август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден свој град и ниту еден свој човек.

„Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќните градови во Украина“, рече Зеленски.

Според него, Донбас сега е речиси уништен од руските напади.

„Но, Украина ќе се врати. Задолжително. Ќе се врати достоинството на жителите на Донбас. Тоа ќе биде симболизирано со нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас и регионот Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Керсон. И секако – на Крим. Украина памети се“, рече Зеленски.

Поврзани новости