357
За време на контраофанзивата изведена од почетокот на септември украинската армија повторно ја поврати контролата над речиси 6.000 квадратни километри територија што досега ја имаа окупирано руските сили, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Од почетокот на септември нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни километри украинска територија на исток и југ, а ние одиме напред, рече Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците, што се објавува на социјалните мрежи.
Зеленски им се заблагодари на воените единици, фалејќи ја нивната храброст во операцијата што досега доведе до враќање на најголемите делови од територијата, од повлекувањето на руските сили од предградијата на Киев на крајот на март.