374
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повтори дека земјата нема да отстапи дел од својата територија заради постигнување мир.
„Не, тоа е наша територија“, рече Зеленски во интервју за американската мрежа CBS.
Рече дека Украина ќе напредува и ќе ослободи територии дури и кога ќе помине убавото време.
Зеленски призна дека украинската армија се соочува со тешка ситуација на фронтот и дека контраофанзивата не напредува доволно брзо.
Рече и дека светскиот поредок се брани во војната во Украина.
„Ако Украина падне, што ќе се случи за 10 години? Ако (Русите) стигнат до Полска, што е следно? Трета светска војна?“, праша Зеленски.