Зеленски: Украина нема да направи никакви отстапки за Русија со цел да се постигне прекин на огнот

by Fokus

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски истакна дека Украина нема да направи никакви отстапки за Русија со цел да се постигне прекин на огнот.

Ваквите негови коментар уследија по извештајот на Ен-би-си за приватните разговори меѓу САД и ЕУ со Киев за мировните преговори со Русија и интервјуто во кое главниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, изјави за Економист дека војната е во „застој“.

Зеленски оттогаш ја отфрли позицијата на генералот и ги негираше извештаите дека Украина е под притисок за воени разговори.

Официјален Киев тврди дека неговите цели се да ги истисне руските трупи од целата окупирана територија и да го врати Крим, полуостров што Русија го зазеде во 2014 година.

Зеленски повтори дека главен услов за завршување на војната е „враќање на територијалниот интегритет, правата и слободата на граѓаните“.

„Втората фаза од војната е враќање на правдата. Враќањето на суверенитетот е клучен принцип за завршување на војната. Меѓутоа, Русија во моментов едноставно не го сака тоа и го замислува светот на свој начин“ – рече Зеленски.

Украинскиот лидер повтори дека Путин нема да застане на Украина и дека „луѓето ширум светот мора да разберат дека Украина нема да биде последната цел на Русија“.

Поврзани новости