Украина може да влезе во Европската унија со максимална брзина“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно обраќање до нацијата.
Зборувајќи по состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Зеленски рече дека разговарале за чекорот на Украина кон Европската унија.
„Ова е историски момент кога можеме да развиеме максимална брзина во пристапувањето во Европската унија.
Веќе докажавме дека украинските државни и јавни институции се доволно ефикасни за да го издржат дури и тестот на војната. Ние веќе правиме онолку колку што другите народи никогаш не направиле за да ја заштитиме слободата на европскиот континент.
И гледам од сите наши пријатели во Европската унија подготвеност да ја помогнат нашата цел што е можно повеќе“, рече Зеленски.