Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против Русија доколку Конгресот на САД не одобри помош

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ја загуби војната против Русија доколку Конгресот на САД не одобри воена помош за Киев.

– Неопходно е да му се објасни на Конгресот дека ако не и помогне на Украина, Украина ќе ја загуби војната – рече Зеленски, пренесе „Киев Индипендент“.

Зеленски истакна дека на Украина ќе и биде „тешко“ да „преживее“ без помош, додавајќи дека, според него, намерите на Русија да освои повеќе територии ќе се зголемат доколку биде успешна во Украина.

– Ако Украина ја загуби војната, ќе бидат нападнати и други земји – рече Зеленски.

Коментарите на Зеленски доаѓаат откако претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон вети дека ќе го стави гласањето за помошта за Украина на дневен ред по Велигден, по неколку месеци чекање.

Тој претходно изјави дека нема да го стави прашањето пред конгресмените на гласање.

Поврзани новости