Зеленски: Украина е подготвена да разговара за усвојување на неутрален статус

by fokus

Украина е подготвена да разговара за усвојување на неутрален статус како дел од мировниот договор со Русија, но тоа треба да го гарантираат трети страни и потврдана референдум, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зборувајќи со група руски новинари преку видео повик, Зеленски рече дека руската инвазија предизвикала уништување на градовите во кои се зборува руски, објави Ројтерс.

Украинскиот претседател нагласи дека штетата е поголема од руските војни во Чеченија.

„Безбедносни гаранции и неутралност, ненуклеарен статус на нашата држава. Ние сме подготвени да одиме кон тоа. Ова е најважната точка“, рече Зеленски.

Зеленски цело време разговараше со новинарите на руски јазик и откри дека Украина разговарала за употребата на овој јазик во Украина во преговорите со Русија. Но, тој истакнува дека Украина одбила да разговара за други руски барања, како што е демилитаризацијата на земјата.

Поврзани новости