Зеленски: Украина да добие политичка покана за членство во НАТО

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сака Украина да добие политичка покана за членство во Алијансата на самитот на НАТО во јули во Вилнус.

– Има многу причини за политичка покана до Украина да се приклучи на Северноатлантскиот сојуз – напиша Зеленски на Телеграм.

Претседателот на Украина побара и безбедносни гаранции од НАТО доколку неговата земја во блиска иднина не стане членка на Алијансата.

Ројтерс објави дека Зеленски рекол дека има „многу разбирање“ за обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина додека не се приклучи на НАТО, но не наведе детали.

Тој додаде дека разбира оти не е можно Украина да влезе во НАТО додека трае нејзината војна со Русија.

Поврзани новости