Зеленски: Украина би можела да ги започне преговорите за членство во ЕУ уште оваа година

by Fokus

На Киев му беше кажано дека е „апсолутно можно“ преговорите за членство во Европската унија да започнат оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по ненадејниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во главниот град на Украина.

– Нашата клучна цел на интеграцијата е да донесеме одлука за почеток на преговорите за членство оваа година. И денеска уште еднаш на состаноци и преговори слушнав дека тоа е апсолутно можно – рече Зеленски во ноќното обраќање.

Тој рече дека е „само прашање на време“ кога Украина ќе се приклучи на блокот и дека „дефинитивно ќе го исполни“ својот дел од предусловите, објави „Гардијан“.

 

Поврзани новости