Украинскиот претседател Володимир Зеленски во подкаст интервју ја претстави идејата за можно решение за крајот на војната. Во тричасовен разговор со американскиот подкастер Лекс Фридман, Зеленски шпекулираше за можните услови за добивање покана од НАТО за неговата земја.
Во таа прилика тој индиректно направи разлика меѓу територии под контрола на Украина и пет територии во источна Украина кои делумно или целосно се под контрола на Русија.
Во текот на разговорот, Фридман постави прашање за можноста НАТО да ја прифати Украина без териториите на Луганск, Доњецк, Запорожје, Керсон и Крим. На тоа Зеленски одговори:
„Од правен аспект, НАТО испраќа покана до Украина. За нас тие територии сѐ уште се украински. Меѓутоа, НАТО може да дејствува на делот од територијата што е под украинска контрола“. Тој изрази уверување дека може да се постигне договор за ова прашање.
Во интервјуто, Зеленски го повтори своето мислење дека избраниот американски претседател Доналд Трамп може да биде клучот за исходот на војната. Трамп би морал да го принуди рускиот претседател на примирје.
„Трамп и јас ќе постигнеме договор и (…) заедно со Европа ќе понудиме силни безбедносни гаранции, а потоа ќе можеме да разговараме со Русите“, изјави Зеленски. „Ние и Трамп сме првиот чекор, а Европа ќе ја поддржи позицијата на Украина.”