Ти благодарам Америка, благодарам за поддршката и за оваа посета, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Икс откако предвреме замина од Белата куќа по жестоката расправа со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.
„Му благодарам на претседателот Доналд Трамп, на Конгресот и на американскиот народ. На Украина ѝ треба праведен и траен мир, и ние работиме на тоа“, напиша Зеленски на Икс.
Oбјавата на Зеленски уследи по неговото заминување од Белата куќа по средбата со американскиот претседател која помина во тензична и напната атмосфера.
И Трамп и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, му префрлија на Зеленски оти не е благодарен за поддршката на САД и дека ризикува Трета светска војна.
Во првите моменти по состанокот, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, американскиот претседател му порача на Зеленски да се врати кога ќе биде подготвен за мир.