Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази стравување дека Русија се уште има доволно ракети за да изврши уште неколку масовни напади како оној што денеска го изврши против Украина
.Денеска Русија истрела повеќе од 70 проектили кон Украина, соопштија украинските власти. Тие додадоа дека собориле поголем дел од проектилите.
Три лица загинаа кога беше погоден станбен блок во центарот на Криви Рих, а уште едно лице загина во гранатирање во Херсон.
Руските власти во окупираната источна Украина соопштија дека 12 лица се убиени во украинското гранатирање.
Киев вчера предупреди дека Москва планира нова сеопфатна офанзива на почетокот на следната година, околу една година по инвазијата на 24 февруари во која големи делови од Украина беа уништени од проектили и артилерија, но руските сили совоија мал дел од овие територии