Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новата стратегија на Русија да ја втурне Украина во темнина со удари врз нејзината енергетска инфраструктура нема да ја ослабне решителноста на неговата земја.
-Тоа е војна на сила, издржливост, се работи за тоа кој е најсилен – рече Зеленски во интервју за денешниот „Фајненшл тајмс“.
Околу 15 региони во Украина имаат проблеми со снабдувањето со вода и електрична енергија. Само во главниот град Киев, околу 60 отсто од населението се соочува со прекин на електричната енергија.
Украина и денеска продолжува да работи на санирање на енергетската инфраструктура оштетена од руските удари, со цел да се снабдат милиони граѓани кои останаа без парно и струја.
„Ситуацијата со електрична енергија и понатаму е тешка во речиси сите региони“, рече Зеленски синоќа во редовното обраќање и додаде дека струјата се приклучува секој час за нови потрошувачи, пренесе Денес.рс.