Зеленски стигна во Берлин, добива пакет тежок 2,7 милијарди евра

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во Берлин во текот на ноќта додека се обидува да ја зајакне поддршката од клучните сојузници.

„Веќе во Берлин“, напиша Зеленски на Твитер кратко по полноќ, пристигнувајќи од Италија каде што се сретна со италијанските власти и со папата Франциско.

Германската влада одобри нов пакет оружје за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, изјави претходно германскиот министер за одбрана Борис Писториус за новинарите.

Пакетот, првпат објавен од германскиот весник „Шпигел“, е најголемата испорака на оружје на Берлин за Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година.

-Сите посакуваме брз крај на оваа ужасна и незаконска војна – рече Писториус.

Германските медиуми јавија дека за претпладнево е планирана средба на Зеленски со канцеларот Олаф Шолц и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а во Ахен попладне ќе му биде врачена наградата Карло Велики за придонес во европското единство.

Поврзани новости