Зеленски: Состојбата во Бахмут е „жешка“

by fokus

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вчера доцна вечерта изјави дека ситуацијата во Бахмут е жешка, а украинските војници продолжуваат да го бранат градот.

-Благодарам на нашите војници кои се борат во Авдиевка, Маринка и Бахмут. Особено во Бахмут, таму е особено жешко. Руските сили со месеци се обидуваат да го опколат и да го заземат Бахмут, град кој имаше 70 000 жители пред да започне руската инвазија пред повеќе од една година, рече Зеленски.

Основачот и водач на руската воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин пак, објави дека Бахмут паднал и дека тие успеале да постават руско знаме на зградата на градската управа.

Поврзани новости