470
Ракета истрелана од руските сили денеска погоди трговски центар во градот Кременчук во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека не можно да се замисли бројот на жртвите.
Според него, во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 лица.
Тој не даде детали за бројката на загинати и повредени, но рече дека „невозможно е да се замисли за бројот на жртвите“.
Претходно гувернерот на областа Полтава, Дмитриј Лунин изјави дека руските сили денеска погодиле цивилен објект во Кременчук и дека во нападот има жртви.
-За жал, има жртви. Повеќе информации за тоа ќе следат подоцна, рече Лунин.