Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама

by Fokus

Украина и е благодарна на Европската Унија за нејзината силна поддршка од самиот почеток на војната и во текот на целиот овој период, како и во текот на минатата недела, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа, на кој е поканет како гостин.

– Вие останавте со нас. Многу сме ви благодарни што не сме сами. И тоа не се само зборови.

Ние го чувствуваме тоа, рече Зеленски придружуван од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според Зеленски, од исклучителна важност е што ЕУ испрати „силен сигнал“ до украинскиот народ, до борците, до цивилите и до сите украински семејства дека не се сами. – Го чувствуваме и го знаеме тоа.

Тоа е сигнал за зголемување на нашето (одбранбено) производство и за зајакнување на нашата безбедност. Тоа се важни одлуки, додаде Зеленски.

Поврзани новости