Откако претседателот на САД, Џо Бајден, објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен, утрово украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави тој потег и порача дека тоа дополнително ќе ја ослаби Русија.
-Украинци и Украинки, денеска имаме важни вести. Америка презема чекор кој значително ќе го ослаби непријателот. Тоа ќе ги натера да платат за агресијата и да одговараат за злосторствата што ги направија – рече Зеленски.
Тој им се заблагодари на Бајден и САД за одлуките за забрана на увоз на руски енергенти, односно забрана за вложување во рускиот енергетски сектор за сите американски државјани.
-Треба да биде јасно, секој цент платен во Русија е претворен во куршуми и проектили кои се движат кон суверените држави – истакна Зеленски.
Инаку, американскиот потпретседател Камала Харис денеска ја започнува турнејата во Полска и Романија, кои се европски сојузници во НАТО, за да разговара за руската инвазија на Украина и влијанието што војната го има врз регионот.
Министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров, пак, треба да се сретнат во Турција.