Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжи со реконструкција на Владата и смени двајца министри! Како што објави порталот „Политико.еу“, Зеленски ги смени министерот за земјоделство Микола Солски и министерот за инфраструктура Олександер Кубраков.
Промената дојде неколку недели откако претседателот на Украина најави дека ќе има промена на владата и дека на државните институции им е потребна реконструкција. Смената на министри беше потврдена во парламентот во Киев.
Солски е во кабинетот на премиерот Денис Шмихал од 2022 година, а Курбаков е во владата од 2021 година. Антикорупциската канцеларија на Украина во април обвини дека Солски бил вмешан во незаконско стекнување на 291 милион гривни (околу 6,9 милиони евра) државна земјиште. Неколку дена подоцна, министерот за земјоделство беше уапсен, а потоа ослободен со кауција од 75,7 милиони гривни.
Солски ги негираше обвинувањата, а веќе следниот ден по апсењето понуди оставка. Курбаков, чија задача е да ја обнови инфраструктурата во војната која трае повеќе од две години, беше сменет на изненадување на повеќето.
Mykola Solskyi, Ukraine’s agriculture minister, and Deputy PM and Infrastructure Minister Oleksandr Kubrakov were dismissed by Ukraine’s parliament today.https://t.co/M56jGjqtcd
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) May 9, 2024
„Подготвен сум за отворен дијалог и детален извештај за работата на моето министерство во сите области кои беа моја одговорност“, рече Курбаков во пораката што ја објави на социјалните мрежи.
Тој изјави дека ниту претседателот Володимир Зеленски, ниту неговата партија, ниту премиерот на Украина не разговарале со него пред разрешувањето.
Самиот претседател Володимир Зеленски во март најави дека наскоро ќе има промена на власта во Киев:
„Ќе продолжиме со реконструкција на државните институции“, рече тој.